Psalms (66/150)  

1. Воскликни Му на Бога, земјо цела!
2. Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала!
3. Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ке Ти се покоруваат непријателите Твои.
4. Целата земја нека Ти се покорува и да Ти пее, да Му пее на Твоето име, Севишни.
5. Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во одлуките Свои за синовите човечки.
6. Он го претвори морето во суво; преку река минува со ногата; таму се зарадувавме поради Него.
7. Со Својата мок Он владее вечно; Неговите очи гледаат на народите, за да не се кренат бунтовниците.
8. Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно.
9. Он и даде живот на душата моја и не дозволи да потклекнат нозете мои;
10. Ти не испита, Боже, со оган не очисти, како што среброто со оган се пречистува.
11. Ти не воведе при мака, нанесе маки на нашите племиња.
12. Допушти лу ето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но не изведе да здивнеме.
13. Kе влезам во Твојот дом со сепаленица, ке Ти ги исполнам моите завети,
14. што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во невоља.
15. Мрсни сепаленици ке Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ке Ти принесам Тебе и волови и кози.
16. Дојдете и чујте вие сите кои се боите од Бога и ке ви раскажам се што направи Он за душата моја.
17. Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој.
18. Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши.
19. Затоа ме услиши Господ, го чу гласот на молењето мое.
20. Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја!

  Psalms (66/150)