Psalms (64/150)  

1. Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува.
2. Ти ме заштити од лукавите, од многуте злочинци.
3. Кои ги наострија јазаците свои како меч, го затегнаа лакот свој - па исфрлаат ранливи зборови,
4. за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него и нема да се уплашат.
5. Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ке го види?
6. Па бараа неправда, вршеа испитување, но испитувањ3 дури до внатрешнината на човекот, но длабоко е срцето.
7. Но Бог ке се прослави: нивните стрели не полетаа.
8. И јазиците нивни папсаа на нив. А сите кои ги видоа, се зачудија.
9. И секој човек се уплаши. Се објавија делата Божји и ги разбраа созданијата негови.
10. А праведникот ке се развесели во Господа и ке се надева на Него; и ке бидат пофалени сите кои се праведни по срце.

  Psalms (64/150)