Psalms (63/150)  

1. Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна?
2. И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3. Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ке Те фали.
4. Така ке Те благословувам во животот мој, и во Твое име ке ги кревам рацете мои.
5. Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ке те фали устата моја.
6. Кога ке се сетам за Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам,
7. зашто Ти си ми помошник и во сенката на Твојата закрила ке воскликнувам.
8. Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува.
9. А оние кои залудно го побараа мојот живот, ке слезат во пеколот!
10. Kе бидат поразени со силата на мечот; ке станат плен на лисиците.
11. А царот ке се зарадува во Бога, и секој ке се фали, кој во Него се колне, бидејки ке им се затне устата на оние што говорат неправда.

  Psalms (63/150)