Psalms (61/150)  

1. Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја.
2. Кон Тебе повикав од крајот на земјата, кога срцето ми папса. Kе ме издигнеш на карма и мир ке ми дадеш.
3. Ме упати, зашто Ти беше моја надеж, крепосен заклон од непријателот.
4. Kе се населам вечно во Твоето живеалиште и ке се засолнам под покривот на Твојата закрила.
5. зашто Ти, Боже, ги чу моите молитви и им даде населедство на оние, кои се бојат од Твоето име.
6. Додај му уште денови кон деновите царски и продолжи му ги годините од род во род,
7. за да биде твој вечно пред Бога; милост и вистина сака тој.
8. И така, со песна ке го воспевам Твоето име и ке ги извршувам своите завети од ден во ден.

  Psalms (61/150)