Psalms (60/150)  

1. Боже, Ти не отфрли и не растури, се разгневи, но сепак се смилува на нас.
2. Ја потресе земјата и ја залула; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша.
3. Ти му покажа на Твојот народ жестокот и не напои со заносно вино.
4. На оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за да побегнат од убојник лак.
5. За да се избават Твоите возљубени, спаси ме со Твојата десница и услиши ме.
6. Рече Бог во Своето Светилиште: "Kе се зарадувам, ке го разделам Сихем и ке ја премерам долината на Сокхот заради поделба.
7. Мој е Галад, и Мој е Манасија, и Ефрем е крепост на главата Моја, и Јуда е цар Мој.
8. Со Моав се мие Мојата надеж, на Идумеја ке и го подадам обувките Свои, а над Филистејците ке славам победа."
9. Кој ке ме воведе во урепениот град? Кој ке ме доведе до Идумеја?
10. Зар не Ти, Боже, Кој не отфрли? И нема веке да излегуваш, Боже, со нашите војски?
11. Помогни ни во маката, зашто од човекот нема спасение.
12. Со Бога ке бидеме силни, Он ке ги уништи нашите мачители.

  Psalms (60/150)