Psalms (6/150)  

1. Господи, не ме карај во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој.
2. Смилуј се на мене, Господи, оти сум немокен; исцели ме, Господи, бидејки коските мои се потресени;
3. и душата моја е возбудена. А Ти, Господи до кога?
4. Обрни се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја,
5. бидејки мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ке Те слави Тебе?
6. Се уморив воздивнувајки; секоја нок го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја.
7. Од скрб ми се помрачи окото мое, остарев поради сите мои непријатели.
8. Отстапете од мене вие сите, кои вршите неправда, оти Господ го чу гласот на мојот плач.
9. Господ ја чу молбата моја, Господ ке ја прими молитвата моја.
10. Нека се посрамат и уплашат сите мои непријатели; да се повратат и веднаш да се засрамат.

  Psalms (6/150)