Psalms (59/150)  

1. Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!
2. Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;
3. зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напа аат силните беа престап мој и без грев мој, Господи.
4. Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај.
5. Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
6. Навечер тие се вракаат, вијат како кучиња и одат околу градот.
7. И, ете, хулат со јазикот свој; во устата имаат меч, "зашто, - си велат тие, - кој ке чуе?"
8. Но Ти, Господи, ке ги исмееш; Ти ке ги посрамиш сите народи.
9. Силата моја во Тебе ја чувам, зашто си Ти, Боже, мој застапник.
10. Мојот Бог, Кој ме милува, иде пред мене; Бог мој, Кој ми ги покажува моите непријатели.
11. Не убивај ги, за да не го заборават мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој.
12. За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејки само клетви и лаги кажуваат.
13. Во крајниот гнев, и нема веке да ги има; за да увидат, дека Бог управува над Јакова и до краиштата на земјата.
14. Навракаат секоја вечер, гладуваат како кучиња, и одат околу градот;
15. Тие се радуваат кога бараат храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноките ‘ржејки.
16. Јас, пак, со песна ке ја славам Твојата сила и од рани зори ке се зарадувам со Твојата милост, бидејки Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несрека.
17. Помошник мој си Ти, Тебе Ти пеам, зашто Ти си застапник мој, Боже мој, милост моја.

  Psalms (59/150)