Psalms (57/150)  

1. Смилуј се, Боже, на мене. Смилуј се, зашто на Тебе се надева душата моја, и во сенката на криљата Твои ке ја положам надежта моја додека не минат беззаконијата.
2. Kе повикам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3. Он ке прати од небото и ке ме спаси; ке ги посрами оние, кои ме презираат. Kе ја испрати Бог Својата милост и Својата вистина.
4. И нека ја избеви душата моја од лавови; лежам смутен ме у синовите човечки; та нивни заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.
5. Возвиси се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
6. Тие подготвија стапица за нозете мои; и се обидоа да ја измамат душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа.
7. Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ке пеам и ке свирам.
8. Разбуди се, славо моја, разбуди се псалтиру и гусле! Јас ке станам рано.
9. Kе Те славам, Господи, ме у народите, ке Те воспеам ме у племињата,
10. зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и дури до облаците - Твојата вистина.
11. Вознеси се, Боже на небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!

  Psalms (57/150)