Psalms (56/150)  

1. Смилуј се Боже, на мене, зашто човек сака да ме голтне; напа ајки секој ден, ме притиска.
2. Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напа аат со гордост.
3. Кога страв ке ме спопадне дење, на Тебе се надевам.
4. Во Бога ке ги фалам зборовите свои; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек?
5. Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло.
6. Се собираат и се кријат, ги набљудуваат петите мои, упорно работат против мојот живот.
7. Нема за што да ги спасуваш, Боже, Со гнев Боже, собери ги народите.
8. Боже, Ти го знаеш животот мој, солзите мои Си ги ставил пред себе - како во заветот Твој.
9. Непријателите мои ке се вратат назад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Ти си Бог мој.
10. Со Бога се фалам за Неговото слово. Со Господа се фалам за зборот Негов.
11. На Бога се надевам, не се плашам; што може да ми направи човекот?
12. Во мене се, Боже, благодарствените молитви мои кон Тебе, кои ке Ти ги упатам.
13. Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да благоугодам пред Бога во светлината на живите.

  Psalms (56/150)