Psalms (55/150)  

1. Прими ја Боже, молитвата моја и не презирај го моето молење;
2. погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја
3. и збунет сум од гласот на напријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев непријателствуваат против мене.
4. Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна;
5. страв и трепет ме сполетаа, и темнина ме покри.
6. И јас реков: "Кој ке ми даде криља гулабови, па да одлетам и се успокојам."
7. Далеку би отишол и би се сместил во пустињата;
8. се надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата.
9. Потопи ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.
10. Дење и ноке обиколуваат покрај sидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има;
11. а не оскудеваше ни измама и лукавство по улиците негови.
12. Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ке се сокриев;
13. но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, водач мој и пријател мој,
14. со кого сме јале леб заедно и сме оделе заедно во Божји дом!
15. Смртта дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто лукавство има среде нив, во живеалиштата нивни.
16. Јас, пак, Бога ке го повикам, и Господ ке ме услиши.
17. Навечер и наутро, и напладне ке молам и ке викам, и Он ке го чуе гласот мој,
18. ке ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што беа против мене,
19. Бог ке ме чуе и ке ги понизи; Оној, Кој вечно живее, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога.
20. Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет.
21. Се растурија од гневот на лицето Негово, а во срцето им е непријателство; зборовите им станаа како елеј, но тие се стрели.
22. Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ке те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада.
23. Ти, Боже, ке ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и лукавите лу е да не поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, Господи, на Тебе се надевам!

  Psalms (55/150)