Psalms (53/150)  

1. Рече безумникот во срцето свое: "нема Бог." Станаа развратни лу ето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро.
2. Бог со внимание погледна од небесата кон синовите човечки, за да види, има ли некој што е разумен или да Го бара Бога.
3. Сите тргнаа по лош пат, станаа еднакво расипани; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4. Зар нема да се вразумат оние, што вршат беззаконие. Оние што го јадат народот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат.
5. Kе се уплашат тие од страв, и таму каде што страв нема, зашто Господ ке им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден на друг. И тие ке се посрамат, зашто Бог ке ги понизи.
6. Кој ке му даде спасение на Израилот од Сион? Кога Бог ке ги врати заробените од народот Свој, тогаш ке се зарадува Јаков и ке се развесели Израилот.

  Psalms (53/150)