Psalms (52/150)  

1. Зошто, се фалиш, силнику, со злоба? Беззаконија вршиш по цел ден.
2. Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е - и веке си смислил измама.
3. Ти повеке ја засака злобата отколку доброто, неправдата, отколку да говориш правда;
4. ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови.
5. Поради тоа Бог, до крај ке те уништи, ке те истргне и ке те пресели од живеалиштето твое, и коренот твој - од земјата на живите.
6. Kе видат праведните, ке се уплашат и ке му се подсмеваат, па ке речат:
7. ете човек, кој не ја полагаше силата своја во надеж на Бога, а се надеваше на големото богатство свое, и кој се осили во лесномисленоста своја.
8. А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови.
9. Вечно ке Те славам за она што го направи, и ке се надевам на името Твое, зашто тоа е благо пред светиите Твои.

  Psalms (52/150)