Psalms (50/150)  

1. Бог над боговите, Господ, говори и ја повикува земјата од сончевиот изгрев до запад.
2. Од Сион, кој е врв на убавината, ке се појави Бог;
3. иде нашиот Бог, и ке прозбори; пред Него оган ке се разгори, околу Него бура.
4. Одозгора Он ке ги повика небото и земјата, за да му суди на Својот народ:
5. Соберете ги при Него светиите Негови, кои се заветуваа како жртва за Него.
6. И небесата ке ја огласат Неговата правда, зашто Бог е судија.
7. Чуј, народе Мој, и Јас ке ти говорам, Израиле, ке сведочам против тебе: Јас сум Бог, Твој Бог.
8. нема да те прекорувам поради твоите жртви; твоите сепаленици секогаш се пред Мене;
9. нема потреба да примам телци од твојот дом, ниту козли од стадата твои,
10. зашто Мои се сите горски sверови и добитокот по горите и говедата.
11. Ги познавам сите птици небески, и убавината на полињата е пред Мене,
12. ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и се, што ја исполнува.
13. Зар Јас да јадам јунешко месо и да пијам крв јарешка?
14. Принеси Му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај Му ги;
15. и повикај Ме во тежок ден; Јас ке те избавам, и ти ке Ме прославиш.
16. А за грешникот Бог рече: "Зошто ги кажуваш Моите наредби и со уста го примаш Мојот завет?"
17. А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб го фрлаш зборовите Мои?
18. Кога ке видеше крадец, се зближуваше со него и со прељубници се дружеше;
19. устата твоја е полна со злоба, и јазикот твој лукавство плете;
20. седиш и го клеветиш братот свој, и против синот на својата мајка се соблазнуваш.
21. Ти го изврши тоа, а јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си ти. Kе те изобличам и ке ти ги изнесам пред лицето твое гревовите твои.
22. Разберете го ова вие, кои го заборавате Бога, за да не ве грабне, па тогаш ке нема избавител.
23. Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ке му го соопштам Божјото спасение.

  Psalms (50/150)