Psalms (49/150)  

1. Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по вселената,
2. земнородни и синови човечки, како богатите така и сиромасите.
3. Устата моја ке кажува мудрост, и мислата на срцето мое - поука.
4. Kе го наклонам увото свое кон раскажувањето: со гусла ке ја отркијам гатанката моја.
5. Зошто да се плашам во тешки денови, кога беззаконието на моите патишта ке ме опколи?
6. Вие, што се надевате на силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте:
7. Братот не може да се искупи; а може ли човекот да се откупи? На Бога нема да му даде откуп за него,
8. ниту цена за откуп на душата своја.
9. Некој и ке се намачи долго, ке живее до крајот и пак ке пропадне, кога ке види дека и мурдите умираат.
10. Неразумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други.
11. Тие си мислат, дека горбовите нивни се вечни, живеалиштата од род во род, така што земјите нивни ги носат имињата нивни.
12. И човек со почест ова не го разбира; па заприлегува на животните, со кое се поистоветува.
13. Тој нивни пат е нивна соблазна, иако потоа со својата уста убаво ке зборуваат.
14. Тие се како овци затворени во пеколот, смртта им е пастир, и изутрина праведните ке господарат над нив; но силата нивна ке се истроши во пеколот од славата нивна.
15. Но Бог ке ја спаси душата моја од раката на пеколот, кога ке ме прими.
16. Не плаши се кога човек богатее, кога славата на домот негов расте;
17. зашто, умирајки, ништо нема да земе, ниту, пак, славата негова ке појде по него;
18. макар што при животот негов душата негова ја ублажуваат, а тебе те фалат кога си угодуваш;
19. ке отиде дури во родот на своите татковци, нема никогаш да види светлина.
20. Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните.

  Psalms (49/150)