Psalms (47/150)  

1. Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас;
2. зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја.
3. Он ни покори под нозете лу е и народи;
4. за Свое наследство ни ја избра красотата на Јакова, кого го возљуби.
5. Се издигна Бог при восклици, Господ се возвисува при трубен звук.
6. Пјете му на нашиот Бог, пејте; пејте му на нашиот Цар, пејте,
7. зашто Бог е Цар над целата земја; пејте Му мудро!
8. Бог се зацари над народите, Бог седи на светиот Свој престол;
9. незнабожечките кнезови се состанаа со Авраамовиот Бог, зашто земните силници кои Му припа аат на Бога, силни се подигнаа.

  Psalms (47/150)