Psalms (46/150)  

1. Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој е во мака ке се најде.
2. Затоа нема да се уплашам, па макар и земјата да се разниша, и горите да се преместат во срцето морско.
3. Збучеа и се креваа водите нивни, се затесоа горите од жестината нивна.
4. Речните потоци го веселат Божјиот град, Севишниот го осветли живеалиштето Свое.
5. Бог е среде него; тоа нема да се разниша: Бог ке му помогне уште пред зори.
6. Се збунија народите; се потресоа царствата; Севишниот го пушти Својот глас, и земјата се затресе.
7. Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.
8. Дојдете и видете ги делата Божји - чудесата што ги направи Он на земјата.
9. Прекратувајки ги војните до крајот на земјата, ке го скрши лакот и ке го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ке ги изгори.
10. Застанете и разберете дека Јас сум Бог; ке се издигам над народите и ке се превознесувам над земјата.
11. Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.

  Psalms (46/150)