Psalms (44/150)  

1. Боже, со ушите наши чувме, а татковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни.
2. Ти со Твојата рака си истребил народи, а нив си ги населил; си поразил лу е и си ги изгонил;
3. бидејки тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спасиле, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по воља.
4. Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јакова.
5. Со Тебе, како со рогови, ке ги избодеме нашите непријатели, и со Твоето име ке ги уништиме оние, што востануваат против нас;
6. зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси;
7. туку Ти ке не спасиш од непријателите наши и ке ги посрамиш оние што не мразат.
8. Со Бога ке се фалиме секој ден и Твоето име вечно ке го прославуваме.
9. Но сега Ти не отфрли и не посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите војски;
10. не сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што не мразат, не ограбуваа.
11. Не предаде како овци да не изедат и не растури ме у незнабошците.
12. Ефтино го продаде народот Свој и со тоа не ја крена цената негова;
13. не предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас;ф
14. не направи за приказ ме у незнабошците, и мнозина ја вртат главата.
15. Секој дена срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое,
16. од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, од непријателите и одмаздниците.
17. Сето тоа не снајде нас, но ние не Те заборавивме, Тебе и не го нарушивме Заветот Твој.
18. И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат.
19. зашто не порази во местото, каде што бевме озлобени и не покри со смртна сенка.
20. Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон ту бог,
21. зар Бог тогаш немаше да испита за тоа? Зашто Он ги знае тајните на срцата.
22. Заради Тебе умираме секој ден, не сметаат како овци определени за клање.
23. Рабуди се, зошто спиеш, Господи! Разбуди се, и не отфрлај не засекогаш!
24. Зошто го одвракаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и невољата наша?
25. Бидејки душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепила на земјата,
26. стани, Господи, и помогни ни, избави не поради името Твое.

  Psalms (44/150)