Psalms (43/150)  

1. Пресуди ми, Боже, и расправи ја тужбата моја против народот кој не е свет. Избави ме од неправеден и лукав човек.
2. Бидејки Ти си крепост моја, Боже, зошто си ме отфрлил? И зошто одам така нажален додека непријателот ме мачи?
3. Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште.
4. И ке пристапам до Божјиот жртвеник, до Бога, Кој ја радува мојата младост. На цитра ке Те славам, Боже, Боже мој!
5. Зошто тагуваш душо моја, и зошто ме вознемируваш! Наведај се на Бога, бидејки пак ке Го исповедам Него, Спасителот и мојот Бог.

  Psalms (43/150)