Psalms (41/150)  

1. Блажен е оној, што ги прегледува бедните и сиромасите! Во злочест ден Господ ке го избави.
2. Господ нека го запази и нека го заштити и ублажи животот негов на земјата; и да не го предаде во рацете на непријателот негов.
3. Господ нека му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја изменуваш целата постела негова при болеста негова.
4. Реков: "Господи, смилуј се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе."
5. Непријателите мои зборуваат лошо за мене: "Кога ке умре, и кога ке загине името негово?"
6. И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ке излезе надвор, расправа.
7. Сите мои непријатели шепотат ме у себе против мене, помислувајки ми зло:
8. "За законопрестапен збор ме набедија; кој еднаш легне веке нема да стане."
9. Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене.
10. А Ти, Господи, помилуј ме, исправи ме, та да им возвратам.
11. По тоа ке дознаам, дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене;
12. а мене, пак, ме прифати цел поради мојата незлобивост и ме зацрсти пред Себе вечно.
13. Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!

  Psalms (41/150)