Psalms (39/150)  

1. Си реков: ке пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; се погрижив устата моја да е претпазлива додека е грешникот пред мене.
2. Онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто; и јадот мој се обнови.
3. Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган ке се разгори во мислите мои. Проговорив со јазикот свој:
4. кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку сум ништожен.
5. Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, се е суета, секој човек што живее.
6. Навистина, човек оди како сенка и залудно се возбудува; собира богатство, а не знае кому ке му го остави.
7. И сега што да очекувам? Зар надежта не е во Тебе, Господи?
8. Спаси ме од сите беззаконија; си допуштил да бидам поруга на безумниот.
9. Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде.
10. Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака.
11. Преку казни заради беззаконија си го воспитал човекот и душата негова си ја расточила како пајажина. И залудно се возбудува секој човек.
12. Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен како моите солзи, зашто сум ту во Тебе и придојден, како сите мои татковци.
13. Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веке.

  Psalms (39/150)