Psalms (37/150)  

1. Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие,
2. зашто тие ке се исушат како трева, и како зелено растение набргу ке свенат.
3. Надевај се на Господа и прави добро; живеј на земјата и таа ке те храни изобилно.
4. Утешувај се со Господа, и Он ке ти даде срцето срцето твое што ке посака.
5. Откриј го патот свој пред Господа и на Него надевај се и Он ке изврши се;
6. и ке ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја - како пладне.
7. Покори Му се на Господа и моли Го усрдно. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.
8. Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу - самиот да не правиш зло,
9. зашто оние, што вршат зло, ке бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ке ја наследат земјата.
10. Уште малку, и грешникот ке го нема; ке го побараш местото негово и нема да го најдеш.
11. А кротките ке ја наследат земјата и ке се насладуваат во изобилен мир.
12. Грешникот ке демнее на праведниот и ке чкрта со забите против него,
13. но Господ ке го измее, зашто однапред гледа, дека му се ближи крајот.
14. Грешниците ги вадат мачевите, го оптегнуваат лакот свој, за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние, што се со чисто срце.
15. Но мечот нивни нека се забие во нивното срце, и лаковите нивни нека се скршат.
16. Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците.
17. Зашто мишките на грешниците ке спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува.
18. Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ке биде вечно:
19. во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ке бидат сити;
20. зашто грешниците ке загинат, и непријателите Господови ке ги снема заедно со нивната слава и величие; ке исчезнат како дим.
21. Грешникот зема на заем и не може да врати, а праведникот е милостив и дава,
22. зашто оние, кои Господа Го благословуваат, ке ја наследат земјата, а кои Го проколнуваат, ке бидат истребени.
23. Господ ги завцрстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта:
24. кога треба да падне, нема да се разбие, зашто Господ ке го држи.
25. Бев млад, веке остарев, и не видов оставен праведник ниту потомците негови леб да просат;
26. тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ке биде благословено.
27. клони се од зло и прави добро, па ке живееш вечно;
28. зашто Господ ја сака правдата и не ги остава преведниците Свои; нив вечно ке ги чува. А беззакониците ке бидат исфрлени и потомството на безбожниците ке биде истребено.
29. Праведниците ке ја наследат земјата и ке живеат на неа вечно.
30. Устата на праведникот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда.
31. Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат;
32. греникот го демне праведикот и бара да го убие;
33. но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ке биде суден.
34. Надевај се на Господа и пази ги Неговите патишта; Он ке те воздигне, за да ја наследиш земјата; и ке го гледаш истребувањето на грешниците.
35. Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедрите ливански.
36. Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов.
37. Чувај ја незлобивоста и пази ја правдата, зашто наследството на таков човек е мир;
38. а безбожниците сите ке бидат истребени, нивното наследство ке се затре.
39. Спасението, пак, на праведниците доа а од Господа и Он е нивни заштитник во тешко време;
40. и ке им помага Господ и ке ги избави; ке ги одбере од грениците и ке ги запази, зашто на него се надеваат.

  Psalms (37/150)