Psalms (34/150)  

1. Kе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста.
2. Со Господа ке се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат.
3. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово.
4. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави.
5. Пристапете Му и ке се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат.
6. Кога несрекниот вика, - Господ го услишува и го спасува од сите негови беди.
7. Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.
8. Вкусете и ке видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!
9. Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него.
10. Осиромешеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ке бидат лишени од секакви добра.
11. Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ке ве научам да се боите од Господа.
12. Сака ли човек да живее и да види добри денови,
13. нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги,
14. нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.
15. Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови - кон молитвите нивни.
16. Но лицето на Господа и против оние што вршат зло; ке го истреби од земјата споменот за нив.
17. Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни.
18. Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ке ги спаси.
19. Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ке ги избави.
20. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши.
21. Зла смрт го снао а грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ке загинат.
22. Господ ке ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат.

  Psalms (34/150)