Psalms (32/150)  

1. Блажени се оние, чии беззаконија им се простени, и чии гревови се покриени!
2. Блажен е оној човек, на кого Господ не му зема за грев, и во чија уста нема лукавство!
3. Затоа што замолкнав, се исушија коските мои од секојдневното мое воздишување,
4. бидејки и дење и ноке тежеше над мене раката Твоја, копнеев како на летен припек.
5. Но јас го познав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: "Kе ги исповедам на Господа моите престапи," и Ти ми го прости гревот мој.
6. Затоа секој праведник нека Ти се помоли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне.
7. Ти си мое прибежиште од маката со која сум опкружен; радост моја голема, спаси ме од оние кои ме опколија.
8. "Kе те вразумам," - вели Бог - "ке ти го покажам патот, по кој да одиш; ке ги управувам очите Мои на тебе."
9. "Не бивајте како коњ или како маска, кои немаат разум, чија челуст со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат."
10. Многу маки ке го снајдат грешникот, но оној кој се надева на Господа, него милост ке го опкружува.
11. Веселете се во Господа и радувајте се, праведници: радувајте се сите кое сте со чисти срца.

  Psalms (32/150)