Psalms (31/150)  

1. На Тебе, Господи, се надевам, за да не се посрамам довека; поради правдата Своја спаси ме и очисти ме.
2. Приклони го увото Твое кон мене, побрзај да ме избавиш. Биди ми Бог заштитник и прибежиште, за да се спасам.
3. Зашто Ти си крепост моја и прибежиште мое, заради името Твое поведи ме и управувај со мене.
4. Изведи ме од оваа стапица, која потајно ми ја поставија, зашто Ти си мој заштитник.
5. Во Твоите раце го предавам духот свој; Ти си ме спасувал, Господи, Боже на вистината.
6. Не ти се мили оние што пазат суетни работи, но јас се надевав на Господа.
7. Kе се радувам и ке се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на смиреноста моја и ја спаси од мака душата моја,
8. и не ме предаде во рацете не непријателите мои; нозете мои ми ги постави на чистина.
9. Помилуј ме, Господи, зашто сум притеснет од скрб: се помрачија во јароста окото мое, душата моја и утробата моја.
10. Премале од жал животот мој, и годините мои - од воздишки; изнеможе силата моја, и страв во коските мои ме опфати.
11. Пред сите непријатели мои станав за прекор, дури и пред соседите мои, а и плашило за познатите мои; оние што ке ме видат на пат, бегаат од мене.
12. Заборавен како мртовец сум во срцата на лу ето; станав како скршен сад,
13. биедејки чув дека мнозина околу мене погубно шетаат, и кога ке се соберат заедно, се договораат и душата моја да ми ја одземат.
14. Јас, пак, се надевам на Тебе, Господи, и си реков: Ти си мој Бог.
15. Дните мои се во Твоите раце; избави ме од рацете на непријателите мои и од гонителите мои.
16. Нека засветли лицето Твое над слугата Твој; спаси ме со Твојата милост.
17. Господи, не допушти да се посрамам, поради тоа што кон Тебе повикав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во пеколот.
18. Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со гордост и презрение.
19. Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои се бојат од Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои се надеваат на Тебе пред синовите човечки!
20. Kе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките возбуди, ке ги заклониш од нападите на јазиците противнички.
21. Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене Својата чудесна милост во утврдениот град!
22. Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти ги услиши гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
23. Сакајте Го Господа, сите праведници Негови, зашто Господ бара вистина и им отплатува на оние, кои премногу гордо постапуваат.
24. Вие сите бидете силни и нека крепне срцето ваше што се надевате на Господа!

  Psalms (31/150)