Psalms (3/150)  

1. Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене;
2. мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога.
3. Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
4. Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора.
5. Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
6. Не се плашам од многу иљади лу е, што од сите страни навалиле на мене.
7. Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците.
8. Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.

  Psalms (3/150)