Psalms (29/150)  

1. Принесете Му на Господа, синови Божји, принесете Му на Господа јаганца, принесете Му на Господа слава и чест,
2. принесете Му слава на Господа и на името Негово, поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор.
3. Гласот Господов е над водите; Бог на славата загрми, Господ е над многу води.
4. Гласот Господов е во силата, гласот Господов е во велелепието.
5. Гласот Господов крши кедри; ке ги скрши Господ кедрите ливански,
6. и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион - како младо биволче.
7. Гласот Господов сече како огнен пламен.
8. Гласот Господов ја потресува пустињата; ке ја затресе Господ пустињата Кадес.
9. Гласот Господов ги ослободува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова.
10. Господ седи на престолот над потопот, и ке седи Господ како цар довека.
11. Господ ке му даде сила на Својот народ, Госод со мир ке го благослови народот Свој.

  Psalms (29/150)