Psalms (28/150)  

1. Кон Тебе, Господи, викам; не биди безгласен кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб.
2. Чуј го гласот на молитвите мои, кога Ти се молам, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3. Не вбројувај ме ме у нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето имаат зло.
4. Подај им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, подај им го она што го заслужиле.
5. Зашто не ги разбраа делата на Господа, ниту делата на рацете Негови; Он ке ги сосипе и нема да ги подигне.
6. Благословен Господ, зашто Он го чу гласот на молитвите мои.
7. Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше срцето мое и Он ми помогна; затоа се зарадува срцето мое и Јас ке го прославувам со сето мое срце.
8. Господ е крепост на Својот народ и заштитник за спасението на Својот помазаник.
9. Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; паси ги и издигај ги довека!

  Psalms (28/150)