Psalms (27/150)  

1. Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се бојам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ке се плашам?
2. Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели, за да го изедат телото мое, ослабнаа, се сопнаа, и паднаа.
3. И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ке се надевам на Него;
4. само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да го посетувам Неговиот свет храм,
5. зашто во злочест ден Он би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на своето живеалиште; би ме искачил на карпа.
6. Тогаш главата моја ке се издигне над непријателите што ме опкужуваат; и јас ке принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ке пеам и ке го фалам Господа.
7. Чуј го, Господи, гласот мој, бидејки кон Тебе викам помилуј ме и услиши ме.
8. Срцето мое ги повторува Твоите зборови: - Барај го лицето Мое; и јас го барам лицето Твое, Господи.
9. Не сокривај го од мене лицето Свое; не го одбивај во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не ме оставај, Боже, Спасителе мој!
10. Зошто татко ми и мајка ми ме оставија, но Господ ме прими.
11. Научи ме, Господи, на Твојот пат и упати ме по патеката на правдата, поради непријателите мои;
12. не ме предавај на своеволноста на непријателите, зашто востанаа против мене лажни сведоци и дишат злоба.
13. Но јас верувам, дека ке ја видам Господовата благост во земјата на живите.
14. Надевај се на Господа, биди мажествен; нека е цврсто срцето твое; надевај се на Господа.

  Psalms (27/150)