Psalms (26/150)  

1. Суди ме, Господи, бидејки одев непорочно и, надевајки се на Господа, нема да се поколебам.
2. Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце.
3. Твојата милсот е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,
4. со лу е суетни не седев и со престапници на законот Твој нема да отидам;
5. го намразив собиралиштето на злонамерните; со нечестивите нема да седнам;
6. ке ги мијам рацете свои во невиноста и ке го заобиколувам жтвеникот Твој, Господи,
7. за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудеса.
8. Господи, го засакав живелиштето на Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја.
9. Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со лу е крвници,
10. во чии раце има беззаконие, чија десница е полна со поткупи.
11. Јас, пак, одам во својата непорочност, избави ме, Господи, и помилуј ме.
12. Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ке Те благословувам, Господи.

  Psalms (26/150)