Psalms (25/150)  

1. Ког Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја.
2. Боже мој, на Тебе се надевам, да не се посрамам довека, да не ме исмејуваат непријателите мои,
3. да не се засрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што вршат беззаконија без причина.
4. Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои.
5. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.
6. Спомни Си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни.
7. Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи!
8. Благ и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат,
9. ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патишта.
10. Сите патишта Господови се милост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и откровението Негово.
11. Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем.
12. Кој човек е тој што се плаши од Господа? Нему Он ке му покаже кој пат да избере.
13. Неговата душа ке почива во добро, неговото семе ке ја наследи земјата.
14. Близок им е Господ на оние што се плашат од Него; ним им го открива заветот Свој.
15. Очите мои секогаш се кон Господа, зашто Он ги вади од стапица нозете мои.
16. Погледни на мене и смилуј се на мене, зашто сум самотен и во мака.
17. Скрбите на срцето мое се умножија; извади ме од невољите мои.
18. Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои.
19. Погледај ги моите непријатели, колку многу се намножија и колку многу ме мразат.
20. Запази ја душата моја и избави ме, за да не се посрамам, зашто на Тебе се надевам.
21. Непорочноста и правдаата нејка ме учат, зашто на Тебе се надевам, Господи.
22. Избави го, Боже, Израилот од сите невојли негови.

  Psalms (25/150)