Psalms (24/150)  

1. Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е се што живее во неа,
2. зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.
3. Кој може да излезе на гората Господова и кој ке застне на Неговото свето место?
4. Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го спомнувал лажливо името Господово пред ближниот свој, -
5. тој ке добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител.
6. Таков е родот на оние што Го бараат Господа, кои Го бараат Бога Јаковов!
7. Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ке влезе Царот на славата!
8. Кој е тој Цар на славата? - Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ.
9. Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ке влезе Царот на славата!
10. Кој е Царот на славата? - Господ над војските - Он е Цар на славата!

  Psalms (24/150)