Psalms (23/150)  

1. Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
2. Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
3. ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.
4. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
5. Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
6. И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ке престојувам во домот Господов многу дни.

  Psalms (23/150)