Psalms (21/150)  

1. Господи, со Твојата сила ке се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ке се радува.
2. Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,
3. зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења.
4. Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков.
5. Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие.
6. Kе положиш на него вечен благослов, развеселувајки го со радоста на лицето Твое,
7. зашто царот се надева на Господа и во милоста на Севишниот не се сомнева.
8. Раката Твоја ке ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ке ги најде сите што Те мразат.
9. Кога ке се разгневиш, ке ги направиш како огнена печка; гневот Господов ке ги погуби, и оган ке ги проголта.
10. Ти ке го уништиш плодот нивни од земјата, и семето нивно - ме у човечките синови,
11. зашто смислија против Тебе зло, се договорија, но не можеа ништо да направат.
12. Ти ке ги поставиш како цел, а од Твоите лакови ке пуштиш стрели во лицето нивно.
13. Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ке ја воспеваме и ке ја прославуваме Твојата мок.

  Psalms (21/150)