Psalms (20/150)  

1. Нека те услиши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов.
2. Да ти испрати помош од Светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3. Нека си спомни за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4. Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5. Kе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ке се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
6. Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница.
7. Едни - со коли, други - со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме:
8. тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави.
9. Господи, спаси го царот и услиши не кога Ти се молиме!

  Psalms (20/150)