Psalms (19/150)  

1. Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески.
2. Ден на денот објавува, и нок на нокта знаење открива.
3. Нема јазик, ниту, пак говор, во кон не се слуша нивниот глас.
4. Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. На сонце го поставил Своето живеалиште;
5. и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајки по патот свој:
6. од крајот на небесета е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7. Непорочен е законот на Бога - душите ги укрепува; верно е откровението на Господа - ги учи припростите,
8. и Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9. Стравот Господов е чист - пребива довека; судовите Господови се вистина - сите се праведни;
10. поскапи се од злато и од скапоцени камења - послатки се од восочен мед.
11. Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива.
12. Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни очисти ме,
13. и од ту ите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене. Тогаш јас ке бидам непорочен и ке бидам очистен од големите престапи.
14. Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!

  Psalms (19/150)