Psalms (18/150)  

1. Kе Те возљубам, Господи, крепост моја!
2. Господ е моја тврдина и прибежиште мое, мој избавител, Бог мој, помошник мој; и ке се надевам на Него; Он е мој заштитник, сила на спасението мое и заштитник мој.
3. Kе Го призовувам и ке Го прославувам Господа, и ке се спасам од непријателите свои.
4. Смртни маки ме обзедоа, и потоци од беззаконија ме вознемирија;
5. пеколни болести ме опколија, смртини стапици ме стегнаа.
6. Во притеснение Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Он од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до неговиот слух.
7. Се затресе и се разниша земјата; затреперија и од темел се поместија горите, зашто Господ се разгневи;
8. се крена дим од гневот Негов и од лицето Негово оган пламна; кој проголтува се; разгорени јагнења отскокаа од Него.
9. Ги приклони Он небесата и слезе, - а мрак падна под нозете Негови.
10. И седна на херувими, па полета и се понесе на ветерни криља.
11. Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе - темна вода во воздушните облаци.
12. Од молскање бегаа од Него облаците, градот и огнените јаглења.
13. И загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти својот глас: град и разгорени јаглења.
14. И ги пушти стрелите Свои и ги расприсна, ги умножи молњите - и ги растури.
15. И се појавија извори водни, и се открија основите на вселената од страшниот глас Твој, Господи, од здивот на гневот Твој.
16. Он посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води.
17. А ке ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене.
18. Тие се против мене во денот на мојата несрека, но Господ беше потпора моја.
19. Ме изведе Он на пространо место и ме избави, зашто ме засака.
20. Ми воздаде Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ме вознагради,
21. зашто ги запазив патиштата на Господа и не се оддалечив од мојот Бог;
22. оти сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстранив од себе.
23. Kе бидам непорочен пред Него и ке се пазам од беззаконија.
24. И ке ми воздаде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови.
25. Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек - си благ,
26. со чистиот - чисто, а со лукавиот - според неговото лукавство,
27. зашто Ти ги спасуваш угнетените и гордите ке ги понизиш.
28. Оти Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја;
29. Ти ке ме избавиш од искушенијата, и со мојот Бог, и sид ке прескочам.
30. Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречистени; Он е заштитник на сите, кое се надеваат на Него.
31. Зашто, кое е Бог, освен Господа, и кој е Бог освен нашиот Бог?
32. Бог е Оној Кој ме препашува со сила и ми поставува непорочен пат;
33. ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини;
34. ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бакарен лак.
35. Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати, и Твоето воспитување ме исправи до крај; и тоа ке ме научи.
36. Ти ги рашируваш чекорите мои под мене, и нозете мои не се заморуваат.
37. Kе ги гонам непријателите мои и ке ги стигнам, и не се вракам, додека не ги победам;
38. ке ги притиснам, и тие не ке можат да опстанат, ке па аат под нозете мои,
39. зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги покри пред мене оние, што станаа против мене;
40. Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истреби сите они, што ме мразат;
41. тие повикаа, но нема кој да ги спаси: и кон Господа, - но Он не ги чу
42. ке ги иситнам како прав на ветар, ке ги газам како кал по патиштата.
43. Kе ме избавиш од народ бунтовен, ке ме поставиш за поглавар над народ, чии чу е не познавава, и тие сега ке ми служат;
44. само по слух за мене ме слушаат ту инците и ми се покоруваат;
45. ту инците бледнеат и треперат, излегувајки од своите градови.
46. Жив е Господ, и нека е благословен мојот Бог! И нека се превознесува Бог на моето спасение.
47. Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите,
48. Избавител од моите гневни непријатели! Kе ме возвисиш над оние, што стануваат против мене, и ке ме избавиш од човек неправеден.
49. Поради тоа Те исповедам пред народите, Господи, и ке го воспевувам името Твое;
50. Ти Кој величествено го спасуваш царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давида и на потомството негово - довека.

  Psalms (18/150)