Psalms (16/150)  

1. Пази ме Господи, зашто на Тебе се надевам.
2. Му реков на Господа: "Ти се Господ мој: моите добра Тебе не ти се потребни.
3. На светиите, кои се на земјата Негова, им направи многу добрини и се што сакаат да имаат.
4. Се намножија немокта на оние, што одат кон крвави жртви; јас нема да ги принесувам нивните крвави приливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња.
5. Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го воспоставува наследството мое.
6. Ме ите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво.
7. Kе го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноке ме учи мојот внатрешен глас.
8. Секогаш Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам.
9. Заради тоа се возрадува срцето мое, и воскликна јазикот мој; па дури и телото мое ке почива во надеж,
10. оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распа ање.
11. Ти ми ги покажа патиштата на животот: со радост ме исполнува Твоето лице; вечно блажеснтво е во Твојата десница.

  Psalms (16/150)