Psalms (15/150)  

1. Господи, кој може да престојува во Твоето живеалиште? Кој може да се настани во Твојата Света Гора?
2. Оној, што оди непорочно, што врши правда и во срцето свое говори вистина.
3. Кој не клевети со јазикот свој, не прави зло на ближниот свој и не го навредува ближниот свој;
4. ништожен е пред него оној што е злобен; Господ ги слави оние, што се бојат од Него; кој кога се колне на својот ближен, не порекнува;
5. кој не го дава среброто свое со лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба.

  Psalms (15/150)