Psalms (149/150)  

1. Запејте Му на Господа нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите.
2. Нека се весели Израилот на Својот Создател; а синовите на Сион, нека се радуваат на својот Цар.
3. Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со гусли нека Го слават,
4. зашто Господ го сака Својот народ и ке ги возвиши кротките, спасувајки ги.
5. Kе се развеселат светиите во слава, ке се зарадуваат врз леглата свои.
6. Славословија за Бога ке има во устите нивни и двоостер меч - во рацете нивни,
7. за да извршат одмазда над народите, за казна над племињата,
8. да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини - со железни окови на рацете;
9. да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ке биде славата за сите Негови светии.

  Psalms (149/150)