Psalms (148/150)  

1. Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.
2. Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови.
3. Фалете Го, сонце и месечино, фалете Го сите sвезди и светила.
4. Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.
5. Нека го фалат името на Господа, зашто Он ече и тие се јавија, заповеда - и се создадоа;
6. ги постави за секогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.
7. Фалете Го Господа од земјата, вие, сите али и бездни;
8. огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово;
9. гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,
10. sверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,
11. цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,
12. момчиња и девојки, старци со децата -
13. сите нека го фалат името на Господа; зашто е само Неговото име возвишено; Него Го фалат на небото и на земјата.
14. Он ке ја подигне силата на Својот народ; Он ги прославува сите Свои светии, синовите Израилеви, на народот, кој Му е близок.

  Psalms (148/150)