Psalms (146/150)  

1. Фали Го, душо моја, Господа!
2. Kе Го фалам Господа додека сум жив; ке Му пеам на мојот Бог додека постојам.
3. Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение.
4. Излегува духот негов, и тој се врака во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли.
5. Блажен е ониј, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа, неговиот Бог,
6. Кој го создаде небото и земјата, морето и се што е во нив, Кој вечно ја пази вистината,
7. Кој врши суд на навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени.
8. Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
9. Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува.
10. Господ ке царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.

  Psalms (146/150)