Psalms (144/150)  

1. Нека е благословен Господ, Бог мој, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна.
2. Он е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој - и јас на Него се надевам. Он ми го потчинува мојот народ мене.
3. Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки - та да се секаваш на него.
4. Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка.
5. Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ке се здимат;
6. болсни со молњи и ке ги растераш, пушти ги стрелите Свои и ке ги збуниш;
7. подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на ту ински синови,
8. чии усти кажуваат суета и чија десница е десница на неправдата.
9. Боже, нова песна ке Ти испеам, ке Ти свирам на харфа со десет жици.
10. Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давида од остар меч.
11. Избави ме и отми ме од рацете на ту инските синови, чии усти лага говореа и чија десница е десница на неправдата.
12. синовите наши се како нови насади во младоста своја, нашите керки се накитени и украсени како столбови во храмот.
13. Полни се житниците наши, во изобилите со секаква храна; се плодат овците наши по пасиштата свои.
14. И воловите ни се угоени, па нема па ање не оградите, ни премин, ниту офкање по улиците наши.
15. Блажен е оној народ, велат лу ето, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!

  Psalms (144/150)