Psalms (143/150)  

1. Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда
2. и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите.
3. Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени;
4. опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое.
5. Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце.
6. Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.
7. Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвракај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.
8. Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја.
9. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
10. Научи ме да ја исполнувам вољата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат.
11. Заради Твоето име, Господи, ке ме оживиш; поради Твојата правда - ке ја избавиш од невоља душата моја.
12. Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

  Psalms (143/150)