Psalms (141/150)  

1. Господи, кон Тебе повикав: услиши ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе!
2. Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна.
3. Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;
4. не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со лу ето, кои вршат беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници.
5. Преведникот нека ме казнува - тоа е милост; нека ме изобличува, не не давај елеј на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба.
6. Судиите нивни, кога ке се распрснат по стрмни камења, ке се чујат зборовите мои, зашто се пријатни.
7. Како кога грутка земја ке падне се растура, така се растурија коските наши во пеколот.
8. Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; на Тебе се надевам, не одземај ја душата моја!
9. Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконија.
10. Грешиците нека паднат во своите мрежи, само јас ке поминам.

  Psalms (141/150)