Psalms (140/150)  

1. Спаси ме, Господи, од лукав човек и избави ме од неправеден човек;
2. тие смислија зло врз срцето свое, секој ден се подготвуваат за борба;
3. ги изострија јазиците свои како змија; под устите им е аспидин отров.
4. Запази, ме, Господи, од рацете на грешник. Избави ме од лу е неправедни, кои смислија да ми подметнат нога.
5. Горделивите тајно поставија стапица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија соблазна.
6. Јас Му реков на Господа: Ти си Бог мој: услиши го, Господи, гласот на моето молење.
7. Господи, Господи, сило на моето спасение! Ти, Кој во денот на битката ја засолни главата моја,
8. не предавај ме, Господи, на грешникот против мојата желба; не давај да постигнат, што намислија за да не се возгордеат.
9. Главата своја да не ја подигнат оние што ме опколија, нека падне врз нив злобата на нивната сопствена уста.
10. Нека паднат врз нив жарени јаглења; да бидат фрлиени во оган, па од маките да не станат.
11. Човек иноверец нема да се одрже на земјава; злото ке го одвлече неправедниот човек во погибел.
12. Разбрав дека Господ ке покаже правда за угнетените и милост за сиромасите.
13. Да, праведниците ке ги исповедаат името Твое, и непорочните ке се населат пред лицето Твое.

  Psalms (140/150)