Psalms (14/150)  

1. Рече безумниот во срцето свое: "Нема Бог." Се развратија лу ето, извршија гнасни дела, нема кој да прави добро.
2. Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли кој Го разбира и Го бара Бога.
3. Сите се застрашија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема дури ниеден.
4. Зар нема да се вразумат сите, што вршат беззаконие, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не го призовуваат Господа.
5. Таму ке се уплашат тие од страв, каде што нема страв, зашто Господ е во родот на праведните.
6. Вие се подигрувате со сиромашниот, но Господ е негова надеж.
7. Кој ке му даде од Сион спасение на Израилот? Кога Господ ке ги врати заробените од Својот народ, тогаш нека се зарадува Јаков, и нека се развесели Израилот.

  Psalms (14/150)