Psalms (138/150)  

1. Kе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свои и ке Ти пеам пред ангелите Твои, затоа што ги услиша сите зборови на устата моја.
2. Се поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за вистината Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над се.
3. Во оној ден кога ке Те призивам, услиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја.
4. Kе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ке ги чујат зборовите од Твојата уста,
5. и ке воспеваат за патиштата Господови, зашто е голема славата Господова.
6. Зашто возвишен е Господ: и смирениот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава.
7. Кога ке се најдам во тага - Ти живот ми даваш, ја пружаш раката врз јароста на моите непријатели и Твојата десница ме спасува.
8. Господ ке направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е вечна; делата на рацете Свои не презирај ги!

  Psalms (138/150)