Psalms (136/150)  

1. Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
2. Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
3. Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова,
4. Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;
5. Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;
6. Кој ја утврди земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;
7. Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста негова;
8. сонцето - да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова;
9. месечината и sвездите - да управуваат со нокта, зашто е вечна милоста Негова.
10. Кој го порази Египет и провородените негови, зашто е вечна милоста Негова;
11. Кој го изведе Израилот од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;
12. со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;
13. Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;
14. и го преведе Израилот среде него, зашто е вечна милоста Негова;
15. а Фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.
16. Кој го преведе својот народ преку пустињата, зашто е вечна милоста Негова; Кој пушти вода од шилчеста крапа, зашто е вечна милоста Негова;
17. Кој ги порази големите цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18. и ги погуби силните цаерви, зашто е вечна милоста Негова;
19. Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20. и Ог, царот васански, зашто е вечна милоста Негова;
21. и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова.
22. во наследство на Својот слуга, Израилот, зашто е вечна милоста Негова;
23. Кој се секава на нас во нашата смиреност, зашто е вечна милоста Негова;
24. и не избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;
25. и Кој дава храна на секое тело, зашто е вечна милоста Негова.
26. Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова. Хвалете Го Господарот на господарите, зашто е вечна милоста Негова.

  Psalms (136/150)