Psalms (135/150)  

1. Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови,
2. вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.
3. Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте му на името Негово, зашто тое е мило;
4. зашто Господ го избра Јакова, Израилот, за свое наследство.
5. Бидејки познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови:
6. се што посака Господ, создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни.
7. доведувајки облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни,
8. Оној, Кој ги порази провородените во Египет од човек до добиток,
9. покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз сите слуги негови,
10. порази многу народи и истреби силни цареви:
11. Сион, царот аморејски, и Ог, царот васански, и сите цареви ханански;
12. и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ, Израилот.
13. Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род.
14. Зашто Господ ке му суди на Својот народ и ке биде милостив над слугите Свои.
15. Идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на раце човечки;
16. имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;
17. имаат уши, но не слушаат, ниту, пак, во устата нивна има здив.
18. Слични на нив нека бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.
19. Доме Израилев, благословувај Го Господа. Доме Аронов, благословувај Го Господа!
20. Доме Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа!
21. Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!

  Psalms (135/150)