Psalms (132/150)  

1. Сети се, Господи, на Давида и на сета негова смиреност,
2. како што се заколна пред Господа, и Му вети на Јакововиот Бог:
3. "Нема да влезам под шаторот на домот свој, и нема да легнам на леглото мое;
4. нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на ве ите мои, ниту одмор на слепоочниците мои,
5. додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог."
6. Ете, ние чувме дека е во Ефрат, го најдовме во дубравите;
7. да влеземе во неговиот дом, да се поклониме пред местата каде што стојат нозете негови.
8. Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот ковчег Твој.
9. Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
10. Поради Давида, Твојот слуга, не одвракај го лицето Свое од Твојот помазаник.
11. Му се заколна Господ на Давида во вистината, и од неа нема да се откаже: "Од плодот на твојата утроба ке поставам на престолот твој.
12. Ако твоите синови го пазат Мојот завет и моите сведоштва, на кои ке ги научам, тогаш и синовите нивни ке седат на твојот престол."
13. Затоа Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него.
14. "Тоа е моето одмориште засекогаш: тука ке се населам, бидејки многу го засакав.
15. Kе го благословувам и преблагословувам трудот негов сиромасите негови со леб ке ги наситувам;
16. свештениците негови ке ги облечам во спасение, и светиите негови радосно ке воскликнуваат.
17. Таму ке кренам рог за Давида, му подготвив светилник на Мојот помазаник.
18. Непријателите негови ке ги облечам во срам, а на него ке процути светоста Моја."

  Psalms (132/150)